Friday, May 13, 2011
Али Риза со семејството доаѓа во Истанбул во потрага по подобар живот. Нивната слога ќе ја наруши единствено најстариот син Шефкет кој се вљубува во мажената Ферхунде, сопруга на неговиот шеф во банката. Набрзо, нивната идила се крунисува со брак, но Ферхунде од самиот почеток го покажува вистинското лице, на алчна и бескрупулозна жена која единствено ја интересираат парите. Али Риза и неговата сопруга Хајрије ќе се соочат и со проблемите на нивните три ќерки. Најстарата Фикрет по неуспешната врска, не размислува за брак, додека помалите ќерки Неџла и Лејла ќе се борат за љубовта на еден маж, Огуж. Нивната сестринска љубов ќе прерасне во сурово ривалство од кое најголема корист влече Огуж кој се покажува како безмилосен кон двете. Лејла ја силува и истовремено има врска и со Џејда, жената на неговиот бизнис партнер Јаман кого скришум го ограбува преку трансакциони сметки со помош на Ферхунде. Набрзо е принуден да се ожени со Лејла откако таа во несреќен случај го губи бебето. Нивниот брак е вистински пекол за обајцата, таа не може да се помири со неговата врска со Џејда, а тој со неостварената љубов кон Неџла. За да го преболи, таа влегува во врска со нејзиниот врсник и колега од факултетот Џем, но не може да ја сокрие страста што ја чувствува за Огуж. Откако нивната врска е откриена доаѓа до вистински раздор во семејството. Нејзината сестра и станува крвен непријател, а нејзините родители ја бркаат од дома. Истовремено, Огуж се соочува со нов проблем, кога дознава дека и неговата љубовница е бремена, а за нивната врска дознал и Јаман кој го прекинува партнерството со него. Во соседството на Али Риза, живее самохраната мајка Нехир со нејзината ќерка Седеф, која потајно е вљубена со Шефкет. Нехир ќе одигра и пресудна улога, сакајќи да и помогне на Фикрет да ја најде љубовта, но ќе направи погрешен избор и ќе ја омажи за човек кого таа не го сака туку е со него од сожалување кон него и неговите три деца. |
Subscribe to:
Posts (Atom)